Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се воспоставени на 12 октомври 1993г.
Билатерална договорна рамка:
Договори преземени преку сукцесија
Договорот, склучен со размена на ноти за сукцесија на договорите склучени меѓу поранешната СФРЈ и НР Кина кои ќе важат и ќе се применуваат во односите меѓу двете држави ( нота на МНР НР Кина број 25 од 14.01.1998 и нота на Амбасадата на РМ во Пекинг број 12/2-98 од 15.01.1998) предвидува дека шест договори остануваат да бидат во сила и да важат, тоа се:
1. „Спогодбата меѓу Владата на НР Кина и Сојузниот Извршен Совет на СФРЈ за заемно даночно ослободување на доходот од оданочување во меѓународниот патнички и/или стоков поморски сообраќај,Пекинг“ 02.03.1979.г.
2. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и НР Кина за соработка во областа на ветеринарството“ Пекинг 02.03.1079.г.
3. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и НР Кина за растителен карантин и заштита на растенијата“, Белград,06.06.1980 година
4. „Спогодба меѓу Владата на НР Кина и Извршниот совет на Сојузното Собрание на СФРЈ за соработка во царинските работи“, Белград 23.01.1989.г.
5. „Рaзмена на ноти меѓу Владата на СФРЈ и НР Кина за ослободување за носителите на дипломатски, службени и пасоши за јавни работи“, Белград,19.04.1979.г.
6. „Конзуларна конвенција меѓу Владата на СФРЈ и НР Кина, Пекинг“, 04.02,1982.г.